|

Протест пред албанската амбасада во Приштина против иницијативата „Отворен Балкан“

Невладината организација Движење за демократија (ДД) одржа денеска симболична акција пред амбасадата на Албанија во Косово против иницијативата „Отворен Балкан”, што ја покренаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум одржан минатиот четврток во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пред амбасадата беше истакнато пано со слики на Вучиќ со Рама и Зев и со осудениот за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, Војислав Шешељ, како и прикази на српските злосторства во војната во Косово во 1998-99 година.

Над сликите беше запишана пораката до Рама: „Ние не сме заборавиле каков геноцид има извршено Србија на чело со (поранешниот српски лидер, Слободан) Милошевиќ и неговиот министер Вучиќ врз цивилното население во Косово!”. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom.mk



Слични Објави