| |

ПРВО ОДМОР ПА ПОСЛЕ ГЛАСАЊЕ ЗА НОВОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Измените на Законот за јавно обвинителство во собраниска процедура, со кои СЈО ќе влезе во структурата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ќе се гласаат во Собрание на крајот на август, откако пратениците ќе се вратат од годишен одмор. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажа за 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство ќе се носи по скратена постапка, а на истата седница ќе се расправа и за предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители , исто така по скратена постапка.

Слични Објави