ПУКНА МИЛИОНСКА БОМБА И ВО ФУТСАЛ: НАЈДОБРИОТ ЕВРОПЕЕЦ ДОАЃА ВО ПАРИЗ!

Очигледно во Париз се навикнаа да ги држат рекордите за трансфери, па откако во 2017 година, ПСЖ за 222 милиони евра го урна рекордот со ангажманот на Нејмар, сега футсал-клубот АЦЦС Париз детонира бомба во – футсал. Доаѓа најголемиот европски виртуоз – Рикардињо.

Како што објави најугледниот весник „Л’Екип“, Рикардињо доаѓа во Париз за еден милион евра, што во футсалот, кој е далеку зад нормалниот фудбал, е рамно како да е купен Нејмар. Рикардињо ќе има чиста плата од 30.000, плус бонуси. Рикардињо шест пати беше прогласен за најдобар футсалец на светот, а АЦЦС Париз очекува со неговото доаѓање да се зголеми популарноста за овој спорт за десетпати, па со тоа и поголема да биде заработката од ТВ-права, билети, спонзори, продажба на дресови…

Рикардињо во Париз ќе дојде од лето, како што најавува францускиот весник и тоа од Интер Мувистар, со кој беше двоен европски првак.

Извор: Спорт1

Слични Објави