|

Путин потпиша указ за редовна пролетна регрутација

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за редовно пролетно регрутирање.

„Одлучувам дека од 1 до 15 април 2022 година ќе има регрутирање руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервен состав – вкупно 134.500 лица“, се наведува во указот, пренесува „РИА новости“.

Во документот се предвидува и војниците, морнарите и офицерите на кои воениот рок им истекол да бидат отпуштени од воена служба.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, претходно изјави дека бројот на регрути оваа година ќе биде помал од минатата година.

Во Русија регрутирањето се врши двапати годишно – во април (пролет) и во октомври (есен).

Извор: Temite

Слични Објави