Радев и Јотова се сретнаа со амбасадорите во Бугарија, кои го зборуваат бугарскиот јазик
Претседателот на Бугарија Румен Радев и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска се сретнаа со клубот на амбасадори кои го зборуваат бугарскиот јазик. Средбата се одржа на покана на амбасадорот на Република Полска во Бугарија Мачеј Шимански, на чија иницијатива беше создаден клубот и кој беше домаќин на настанот, јавува прес-центарот на бугарскиот претседател.
За време на разговорите се покренаа широк спектар прашања во врска со општествено-политичката агенда на Бугарија, гарантирањето на политичката стабилност во кризни услови, борбата против корупцијата и, во врска со тоа, одговорноста на институциите, правосудниот систем и наметнатиот режим на санкции од страна на стратешките партнери, како и активностите на Бугарија за зајакнување и развој на односите со бугарските заедници во странство и теми поврзани со меѓународната агенда, војната во Украина и други.

