Радев: Кога се обединети, Бугарите можат да ја менуваат историјата и сами да си ја одредуваат судбината
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска ја честиташе 141-годишнината од Соединението на Бугарија, истакнувајќи дека единството му овозможува на бугарскиот народ сам да ја одредува својата судбина.
Во обраќање објавено на неговиот профил на Фејсбук по повод 6 Септември, Радев потсети на примерот на генерацијата државници кои, како што наведе, ги оставиле настрана политичките разлики во името на слободата и независноста на татковината.
„На 6 септември Бугарија го одбележува своето Соединение и примерот на една генерација државници, кои ги оставија настрана своите политички разлики во името на слободата и независноста на татковината“, напиша Радев.
Тој посочи дека во историската 1885 година Бугарија „непоколебливо го отфрли Берлинскиот диктат и ги збриша границите што го разделуваа нашиот народ“.
„Кога се обединети, Бугарите можат да ја менуваат историјата и сами да ја коваат својата судбина. Среќен празник!“, порача бугарскиот премиер.
