РАКОМЕТАРИТЕ НА ДЕВЕТ ЧАСА ПРЕД УКРАИНА ТРЕНИРАА – „БРКАНИЦА“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Ракометарите дури денеска утрово имаа шанса првпат да се „запознаат“ со паркетот во салата „Виенер Штадхале“ во Виена, каде што вечерва го играат првиот меч од Евро 2020, против селекцијата на Украина.
ФОТО: Петар Стојановски
Македонија е изразит фаворит иако во таборот на селекторот Данило Брестовац владее мир, нема еуфорија, па денешниов утрински тренинг помина во релакцирана атмосфера. Ракометарите повеќе се опуштаа, отколку да се напрегаат, а главен хајлајт беше „брканицата“ во групи со повеќе ракометари фатени за раце.
Јавноста очекува денеска сигурна победа и чекор кон втората фаза од ЕП, репрезентативците ветуваат максимално залагање и остварување на целта. Дуелот е во 20.30 часот со директен пренос на Телма.
Извор: Спорт1






