| |

Рама ем вицкаст, ем запознаен со ставовите на македонските преродбеници и револуционери за Западна Бугарија

Вчерашниот обид на албанскиот премиер Еди Рама на духовит начин да му даде поддршка на неговиот другар по судбина премиерот на РС Македонија Зоран Заев ја предизвика реакцијата на твитерџијата потпишан како Аспарух Татарчев. Како што може да се забележи и со голо око, Татарчев е „бугараш“, ако дозволите се разбира да го искористиме речникот на: Тодор Чепреганов, Ристо Никовски, Сотир Костов, Стефан Влахов Мицов, Васко Ефтов, Ефтим Клетников, Дардан Венетски и плејада други знајни и незнајни „чувари на македонизмот“.

Потсетуваме дека вчера Еди Рама време на своето учество на Скопскиот форум изјави:

„Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате“.

Најверојатно албанскиот премиер е добро запознаен со ставовите на македонските преродбеници и револуционери: Константин Миладинов, Христо Матов, Партениј Зографски, Јордан Иванов, Љубомир Милетич, Димитар Спиров, Кузман Шапкарев, Јордан Хаџиконстантинов Џинот, д-р Христо Татарчев и Пандил Шанев, кои оставиле пишани извори за тоа дека Македонија може да се нарекува и Западна Бугарија.

Слични Објави