РАМАДАНИ: БЕЛГРАД И МОСКВА СЕ ГЛАВНА ЗАКАНА ЗА КОСОВО, СРБИЈА СЕ ПЛАШИ ДА ВОЈУВА
Косовскиот заменик министер за одбрана Бурим Рамадани во објава на социјалната мрежа Facebook вели дека неговата Влада со право ги посочила Србија и Русија како „главни закани по безбедноста на Косово“, јавува А1Он. Рамадани коментирајќи ја белградската одбранбена стратегија тврди дека таа е доказ дека „Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни“.
– Со право ги дефиниравме надворешните непријателски активности (Србија и Русија) како главна закана по безбедноста на Косово. Неколку недели откако Косово ја усвои стратегијата за модернизација, Србија ја усвои својата милошевиќевска Стратегија. Повторно се потврди дека Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни, бидејќи се изгоре во Косово, напиша Рамадани.