РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ -БАКЛАВА ПОДГОТВЕНА ОД НИКОЛИНА ПАНОВА

/

Баклавата е еден од омилените десерти која секоја наша домаќинка најчесто ја прави за специјални поводи. Денеска ви ја претставуваме баклавата која е подготвена од магичните раце на Николина Панова од Велес.

Состојки :

За фил:
– 1 кг. кори за баклава
– 300 гр. лешници мелени
– 300 гр. ореви сецкани
– 17 лажици мелени бисквити
– 8 лажици шеќер
– 1 лажиче цимет
– 2 пакетчиња ванила
– 120 мл. лимонада

За потопување на корите:
– 250 гр.маргарин
– 250 мл. масло

За шербет:
– 1 600 гр.шеќер
– 800 мл. вода
– малку сок од лимон

Подготовка:



Ставете ги сите состојки освен лимонадата во поголем сад и убаво измешајте. Лимонадата ставете ја да зоврие, откако ќе зоврие ставајте една по една лажица во садот со оревите,лешниците и бисквитите и мешајте убаво да се соединат состојките и да не бидат суви.

Потоа земете 4 кори и наредете ги една врз друга. На 4-тата кора ставате фил и така на секоја наредна кора. На последните 4 кори не ставајте ништо. Откако ќе ги наредите корите исечете ги по ваша желба. Потоа стопете 250 грама маргарин и 250 мл. масло заедно. Со лажица испрскајте ја рамномерно баклавата додека убаво не се натопи.
Во незагреана рерна ставете ја баклавата на 250 степени додека да поцрвене. Потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете час и половина.
Направете шербет од 1600 грама шеќер, 800 мл вода и малку лимонов сок. Шербетот ќе биде готов за околу 10 минути. Откако ќе биде испечена баклавата ставете и го шербетот и оставете ја да отстои до следниот ден.

На здравје!

Извор: Мисли

Претходна статија

НЕМА ДА ПОВЕРУВАТЕ КАКОВ ТРЕНД ПРЕДИЗВИКА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ВО АВСТРАЛИЈА

Следна статија

6 ЧЕСТО СРЕЌАВАНИ МИТОВИ ЗА ВИТАМИНОТ Ц

Најново од Магазин

(Видео) Мајор од ОЗНА од кратовското село Филиповци раскажува за времето после 6 април 1941 г.: Германците дојдоа и си заминаа, Бугарите не вршеа убиства и малтретирања, партизаните ги знаевме како шумкари

„Населението кај нас нема претрпено многу страдање после 6 април 1941 година. Германците дојдоа во Македонија,