Револтирани од мерките на Владата, струмичките угостители од вторник почнуваат со блокада на улиците
Од вторник струмичките угостители со двочасовни блокади на улиците во Струмица. 79 угостители од Струмица револтирани од мерките на Владата за спречување на ширењето на ковид-19 најавуваат секкојдневни блокади почнувајќи од Вторниk. Еве ја нивната информмација до медиумите:
-Ве известуваме дека угостителите од Струмица едногласно донесовме одлука за бојкот од (24.08.2021) изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.
Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот.
Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.
Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки.
Во овие години ние сме на постојан удар, време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во наша корист.
Извор: Zoom. mk
