Родителите негодуваат: За турската амбасадорка Кара учениците во „Јахја Кемал” се терористи

Вести Истакнато Македонија

Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“, со овие зборови за Приватното гимназиско училиште„Јахја Кемал“, турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара, ја промовираше Фондацијата „Мариф“ во Скопје, пренесува „Portalb.mk“.

Покрај тоа, таа апелираше до родителите, децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку во иднина не сакаат да бидат терористи“.
„Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата „Мариф“. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на „Мариф“, бидејќи „Јахја Кемал“ не не претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка оргнизација, на суштински начин, и тоа да не остане само на
декларативно ниво“, рече Кара.
„Порталб.мк“ побарал реакција од Турската амбасада во Македонија за оваа изјава на амбасадорката Кара, но не добил одговор на прашањето: „Дали Амбасадата е со ист став како и амбасадорката Кара и дали тоа значи дека децата кои учат во колеџот „Јахја Кемал“ се терористи? За изјавата на Кара, од Министерството за образование и наука не сакале да коментираат, но од таму соопштија дека „Мариф“ не е училиште и не работи според законските одредби. За „Јахја Кемал“ и сите други училишта велат дека ако работат согласно законот, ќе работат непречено.
„Сите училишта регистрирани во Македонија мора да работат во согласност со законските одредби, а во таа смисла контролата на сите приватни и јавни училишта, како и во овој случај, Приватното гимназиско училиште „Јахја Кемал“ е иста и е иста како и за другите училишта. Фондацијата „Мариф“ не беше формирана според законските одредби во областа на образованието. Министерството за образование и наука не може да ги коментира изјавите на амбасадорот “, изјавија од МОН за „Порталб.мк“. Владата пак, одбила да одговори на прашањето „дали ќе бараат докази и аргументи од турскиот амбасадор во Македонија, Тилин Еркал Кара за нејзините изјави и дали исто така се согласуваат со истата изјава – дека „Јахја Кемал“ е терористичка организација?“ На социјалните мрежи изјавата на амбасадорката Кара предизвика лавина од негативни коментари, а негодување изразија и родители чии деца учат во „Јахја Кемал“.

Извор: Емагазин