РОДНИНИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ: ОВА Е ЕДЕН ВИД ВОЈНА И ЌЕ СЕ БОРИМЕ СО СИТЕ СРЕДСТВА
Роднините на обвинетите во случајот „Монструм“ не се задоволни од изречените пресуди и најавија дека в петок ќе излезат на улица и ќе протестираат. Тие истакнаа дека ќе се борат со сите расположливи средства и дека ова е еден вид војна, јавува Плус Инфо.
– Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме – рече Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите.
Целиот напис прочитајте го овде.