Руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на Шведска (ФОТО)
Два ловци SU27 и два ловци-бомбардери SU24 од руските воздухопловните сили денеска накратко го нарушија воздушниот простор на Шведска источно од островот Готланд во Балтичкото Море. Биле пресретнати од шведските авиони од типот Грипен.
Two SU27 fighters and two SU24 fighter-bombers from 🇷🇺 air force briefly violated 🇸🇪 airspace East of the island of Gotland in the Baltic Sea today. They were intercepted by 🇸🇪 Gripen fighters. pic.twitter.com/fzXI5mr6Tg— Carl Bildt (@carlbildt) March 3, 2022
Уште кога почна инвазијата на Русија врз Украина, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова отворено им се закани на Шведска и Финска, да не помислуваат да станат членки на НАТО, во спротивно ќе имаат воени но и политички последици.
Шведска го зголемила нивото на безбедност во островот Готланд на брегот на Балтичкото Море.