| |

Рускиот амбасадор „другарски“ и се закани на Македонија

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак порача дека ако станеме дел од НАТО, ќе дочекаме возвратен удар од страна на Русија. Шчербак го определи НАТО како остаток од Студената војна, поради којшто биле уништени многу држави и загинале многу луѓе. Според амбасадорот НАТО од сите земји членки бара потчинување.

Шчербак додаде дека зачленувањето може да нанесе сериозна штета на региоаналната безбедност и атмосферата на доверба што може да влијае на билатерални односи меѓу Македонија и Русија.

Според него ваквата одлука треба да се носи со референдум на кој би се изјасниле граѓаните.

Дипломатот не пропушти да каже дека неговите зборови не треба да се толкуваат како наметнување на ставови, иако загриженоста за „македонските другари“, кои тргнале по патот на НАТО интеграцијата, како што се изразува Шчербак личи токму на тоа.

 



Слични Објави