РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО САД: АМЕРИКАНСКИТЕ КРИТИКИ ЗА РУСКАТА ПОМОШ ВО ИТАЛИЈА СЕ ЦИНИЧНИ

/

„Критиката од САД насочена кон помошта на Русија за Италија во борбата против коронавирусот е неоснована, цинична и неморална“, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Неосновани критики и недоверба за помошта што Русија ѝ ја пружа на Италија се цинични, неморални и сурови за оние кои се борат за својот живот. Нашите воени лекари – лекари и медицински сестри – ризикуваат многу секој ден, за разлика од оние кои се осмелуваат да ги сметаат процентот на ефективност на нивната работа “, рече Антонов на официјалниот профил на Руската амбасада во Вашингтон на Фејсбук.

Според него, руските воени лекари во Италија се борат против глобалната закана.

„Руските специјалисти во Бергамо се борат против глобалната закана. Тие ги спасуваат не само Италијанците, туку и сопствените сонародници и го намалуваат обемот на заканата“, додаде амбасадорот.



„Оние кои ја политизираат нашата подготвеност да им дадат помош на луѓето на Апенините не ја знаат историјата многу добро. Треба да бидат потсетени за руските морнари кои дојдоа на Сицилија во 1908 година по катастрофалниот земјотрес таму (НАТО или ЕУ не постоеја тогаш! ) и за мисијата на Русија за спасување и реставрација во Аквила по трагедијата во 2009 година“, рече Антонов.

Според последните извештаи, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Италија достигна 105.792, а бројот на починати изнесува 12.428.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЧУЛЕВ: НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП СЕ УАПСЕНИ

Следна статија

ТОВАРЕН ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ПРУГАТА КАЈ МИРАВЦИ ОТКАКО УДРИ ВО ОДРОН ОД КАМЕЊА

Најново од Вести