РУСКОВСКА: ЌЕ ПОЧЕКАМЕ МВР ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПАСОШИТЕ НА НАРКО БОСОВИТЕ

//

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, за аферата за издавање на пасоши на познати нарко босови, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Обвинителството ќе почека прво да види дали МВР ќе отвори постапка.

– Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка, па потоа ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција – изјави Русковска во изјава за „Алфа“.

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение обвинија дека власта издала пасоши со лажен идентитет за водачот озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој добил македонски документи.

„Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Документите кои дојдоа до нас докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош.

Како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат.



Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти.

Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан, чиј извршител во Србија беше Веља Невоља.

Врвот на власта му овозможил на газдата на Веља Невоља да се стекне со македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

БОРИСОВ НУДИ ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА- ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ СО СЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ОДНОСИТЕ СО РС МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ЕМА: ИМА ВРСКА МЕЃУ ВАКЦИНИТЕ АСТРАЗЕНЕКА И ТРОМБОЗАТА

Најново од Вести