САД Ѝ ДОНИРААТ НА МАКЕДОНИЈА 1,1 МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ
САД ѝ донираа 1,1 милион домари на Северна Македонија за борба против коронавирусот, соопшти американската амбасада.
Парите се обезбедени преку УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ да спроведат активности во справувањето со Ковид-19.
„Во време на неизвесност и вознемиреност поважно од кога било е да се работи заедно. Убедена сум дека оваа поддршка значително ќе придонесе во борбата против ковид-19 во Северна Македонија“, – вели американската амбасадорка Кејт Брнс.
УСАИД е во тесна координација со Владата на Северна Македонија, меѓународните хуманитарни партнери и другите заинтересирани страни за да ги идентификува приоритетните области за инвестирање, стои во соопштението објавено на интернет страната на Амбасадата
“Во ова време на неизвесност и вознемиреност, да се работи заедно е поважно од било што друго“, рече американскиот амбасадор во Северна Македонија, Кејт Мари Бирнс и додаде:
„Убедена сум дека поддршката дадена во овој пакет за помош ќе даде значителен придонес во борбата против СОВИД-19 во Северна Македонија.“
Како што се наведува во соопштението од Амбасадата на САД, помошта, меѓудругото, ќе се состои и во:
- Лабораториски материјали
- Методи за брз одговор во справувањето со Ковид-19
- Помош во едукација на населението
- Минимизирање на ризик од пренесување на болеста…и сл.

