| |

САД ќе ја засилуваат Бугарија со оклопни возила „Страјкер“

Соединетите Држави покажаа вистинска сојузничка поддршка за Бугарија и бугарската влада. За жал, веќе не постои земја која може да живее со илузијата на безбедност. Нашата безбедност е со колективната одбрана со нашите НАТО сојузници, ние сме НАТО“, изјави на заедничката прес конференција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, премиерот Кирил Петков, пренесува БГНЕС.

„Им благодариме на Соединетите Држави и на Лојд Остин што одговорија на нашите барања за зајакнување на борбената група која е формирана во Бугарија. Соединетите Американски Држави ќе ни обезбедат оклопни возила „Страјкер“ за бугарската армија. Борбената група ќе биде под команда на врховната команда за Европа а ќе предложиме нејзиниот командант да биде Бугарин, додал Петков“, пренесуваат тамошните медиуми.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беше категоричен дека посветеноста на чл. 5 е непоколеблива.

„За мене е важно лично да бидам овде во овој критичен момент за да ја осудам непромислената агресија на Русија и да ја истакнам нашата поддршка за украинскиот народ, рече Лојд, истакнувајќи дека, спротивно на очекувањата, руската агресија го обедини светот.
Многу важен чекор е создавањето на мултифункционална борбена група. Нашето партнерство со Бугарија никогаш не било толку силно, рече Лојд Остин и нагласи дека еден од најважните моменти на неговиот разговор со Петков е да се зголеми интероперабилноста“, јавува БГНЕС.

„Многу е важно да ги имаме соодветните капацитети за да можеме да ја одбраниме Бугарија и да придонесеме во севкупните напори на НАТО. Многу е важно да имаме интероперабилност, да работиме заедно за кратко време. За да бидеме интероперабилни, треба да работиме секојдневно за да се осигураме дека се разбираме, дека ги разбираме тактиките и процедурите за да можат нашите формации да дејствуваат брзо“, рече Лојд Остин.

Петков од своја страна нагласи дека воената помош за Украина не е возможна зашто овој вид помош требало да се овозможи, преку бугарскиот парламент но дека распоредот на силите го оневозможува тоа. Во моментов зборуваме за зголемено присуство на источното крило, зборуваме за заедничка стратегија во НАТО, зборуваме за хуманитарна помош. Бугарија може да биде најсилна во ова, рече Петков, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС.



Слични Објави