|

Сајкоски: Пендаровски зборува за економија, а денес имаме најзадолжена држава во регионот

„Изминатите 7 години видовме корупција, криминал, се она што треба да биде спротивно од она што треба да го работи една влада. Затоа ве повикувам да се обединиме во борба против криминалот и корупцијата“, истакна носителот на ИЕ 5 Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Долнени.

Тој додаде дека Пендаровски само зборува против корупција и криминал, а ништо не направи за да ја спречи корупцијата и криминалот во нашата држава.

„Пендаровски зборува за економија, а денес имаме најзадолжена држава во регионот бидејќи нашата држава Македонија сите влади до 2016 година ја задолжиле околу 4,5 милијарди евра, а оваа влада за само 6 и пол години ја задолжи 4 милијарди евра и ние треба да ја казниме таа влада и претседател кој лажно се претставува“, кажа Сајкоски.

Тој упати повик до граѓаните да застанат под знамето на Македонија и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова.

„Ве повикувам заедно да застанеме под знамето на Македонија затоа што е потребно најмногу единството во овој период. Да ја поддржиме нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова бидејќи ние нудиме различен концепт од оној што е досега. Ние нудиме универзитетски професор, лик кој е профилиран во парламентот, лик кој изминатите години многу помогна за нашата држава. Кандидатка за претседател кој знае да не претставува надвор меѓутоа да не почитува и сите тука во нашата држава“, вели Сајкоски.

Тој посочи дека потребно е на 24 април што помасовно да се излезе на гласање.

„На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно затоа што масовноста ќе ни треба затоа што така ќе го покажеме единството и само така може оваа власт да ја направиме да биде најпоразена власт што досега постоела во Република Македонија“, дециден е Сајкоски.



Слични Објави