|

Само прашање на време беше кога ќе настрада човек: „Анима Мунди“ за труењето со пестицидот во питата

Години наназад сведоци сме на злоупотреба на смртоносни отрови, нивно расфрлање по високо фреквентни јавни површини (паркови, училишни дворови, детски игралишта; околу влезови и ресторани повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот) масовни труења животни со супстанци кои за десетина минути, по само вдишивање и на најлош можен начин убиваат животни кои тежат и повеќе од 40 килограми, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ по информацијата за труењето на тричлено семејство од Скопје со пестицидот „Ланате“, при што почина едно лице.

„Баравме истраги на терен и меѓуинституционална соработка пред се од МВР, АХВ, општините, проверки по земјоделските аптеки, пазарите, секогаш подржани и од новинарите кои темата ја третирале пред јавноста зошто не засега сите“, велат од „Анима Мунди“.

„Предупредувавме дека е прашање на време кога ќе настрада човек. Но од страна на институциите со прст не е помрднато, ниту една единсвена мерка никогаш не била преземена, тука и таму некакво декларативно ветување пред јавноста во функција на ПР, а најчесто само игнорирање и молк“ додават од таму.

„Вчера цело семејство е жртва на страотниот пестицид „Ланате“, при што е почината млада жена и две лица се борат за живот. Најдлабоко жалиме за оваа страотна трагедија и сочуствуваме со семејството“, велат од „Анима Мунди“.

Слични Објави