|

„Само сакаме да ја премолчиме нашата болка“: првпат проговори одбојкарот Кобиљски за трагично убиената ќерка во масакрот

Српскиот одбојкар Драган Кобиљски првпат проговори по смртта на ќерка си, која беше една од деветте жртви на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Кобиљски ѝ се обрати на јавноста преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Почитувани, ја цениме вашата желба од ваква трагедија да изведете барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе, кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ужалени семејства“, рече Кобиљски во објавата.

К. К., ученик во седмо одделение во училиштето, уби осум деца и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“.



Слични Објави