| |

САМОХРАНА МАЈКА ОД КУМАНОВО СО ПИСМО ДО БУГАРСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ: МИ ЈА УКИНАА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ ЗАТОА ШТО СУМ БУГАРКА

Самохраната мајка на 4 деца од Куманово, Фросина Китановска, испрати писмо до бугарскиот државен врв и дел од бугарските европратеници, со молба да и помогнат во како што кажува таа нејзината борба за праведност, бидејќи и е укината социјалната помош поради ангажман на едно од нејзините деца во одржувањето на бугарскиот војнички споменик „Страцин“ кај селото Страцин, општина Куманово.

Во прилог го објавуваме и самото писмо:

„До
Претседателот на Р. Бугаруја, Румен Радев,

До
Премиерот на Р. Бугарија, г. Бојко Борисов,

До
Министерката за надворешни работи на Р. Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева,

До
Министерот за одбрана на Р.Бугарија, г. Карасимир Каракачанов,

До
Членот на Европскиот парламент, г. Ангел Џамбаски,

До
Членот на Европскиот парламент, г.Андреј Ковачев,

До
Членот на Европскиот парламент, г. Сергеј Станишев,

До
Членот на Европскиот парламент, г. Илхан Ќучук

ОТВОРЕНО ПИСМО

Почитувани дами и господа,

Се обраќам кон вас како бугарска државјанка, од март минатата година којашто го добила државјанството врз основ, со молба, за помош во однос на следниот случај. Како самохрана мајка на 4 деца бев корисник на социјална помош во висина од 8568 денари. На 25 ноември 2020 година мојата полнолетна ќерка студент по новинарство, склучува договор со невладината организација здружение „Иван Михајлов- Битола“ во проект за одржување на меморијалниот центар „Страцин“ (буагрски војнички споменик од Втората светска војна) кај село Страцин, Општина Куманово. Хонорарот за таа активност на годишно ниво изнесува 31 486 денари или 2622 денари на месец. наведениот изос е исплатен по банкарски пат и за него се исплатени сите даноци и такси во согласност со македонското законодавство. Со одлука на директорот на меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово, од 10 март 2021 година, социјалната помош во висина од 8568 денари беше укината. Како основ за укинувањето на социјалната помош се наведува ненавремено декларирање на приход, реализиран од соуживател на социјалната помош и покрај тоа што хонорарот од мојата ќерка е добиен по банкарски пат и за истиот се платени сите сите даноци и такси кон македонскиот буџет, во согласност со македонското законодавство. Со истото решение сум обврзана да ја вратам сумата од 8568 денари исплатена во месец јануари како социјална помош, во македонскиот буџет како казна. Со оглед на тоа што во моментот сум невработена, враќањето на тој износ за мене е неизводливо.

Почитувани дами и господа,

Се обраќам кон вас за да ми помогнете во мојата борба за праведност. Не сметам дека како мајка на 4 деца треба да бидам казнета за тоа дека сум Бугарка и за тоа што едно од моите деца прифатило ангажман да одржува бугарски војнички споменик, ангажман којшто го сметаме за пројава на европските вредности за зачувување на културното и историското наследство.

Со почит,
Фросина Китановска“



Слични Објави