| |

Сан Стефано- Неотсонуваниот сон…

Пишува: Владимир Перев

Пред 145 години, во малото место Сан Стефано, потпишан е мировниот договор меѓу Турција и Русија, каде што бугарскиот народ се стекнува со своја етничка држава, распослана на две мориња, опфаќајќи ги пространствата од Дунав до Белото море и од Црното море до Охрид и подалеку. Договорот е продукт на руската империјална политика на Балканот, како и резултат од поразот на турската армија во војната за ослободување на Бугарија во 1878 година. Тој и таков договор никогаш не влегува во силе, останува неприменет и е една од причините за влезот на Бугарија, како во Првата, така и во Втората светска војна. Само неколку месеци по 3-ти март, некаде летото 1878 година се одржува Берлинскиот конгрес, Бугарија е значително намалена, додека некои други држави, порано ослободени од Османлиите, како на пример Србија, ја стекнуваат својата целосна независност. Берлин е крајот на еден сон за слобода и на сонот на бугарскиот народ државотворно да живее во своите етнички граници.

Ако некогаш идеалите на Сан Стефано беа прифатени од бугарското и македонобугарското општество, а прокажувани од српските и југомакедонистичките политичари и историчари, денес ситуацијата е сосема поинаква. Се отворија архивите и се дозволи увид во документите од тоа време, па се виде империјалистичката и антибугарска политика на Руското царство во тоа време, како и недостојната ролја на рускиот амбасадор во Истанбул, гроф Игнатиев. Даже се виде и недостојната ролја на Империјата и на гроф Игнатиев при формирањето на Бугарската Екзархија.
Конечната “пресметка“ бугарските вљубеници во сѐславјанството, сѐправославието и руското/советското братство, си ја направија по бруталната и насилствена окупација на СССР/Русија, врз Бугарија, по 9-ти септември 1944 година, окупација проследена со невиден грабеж, насилија и силувања. Од поробената Бугарија, советските/руските окупатори ги одзедоа сите банкарски активи како и 34-те тони од златната резерва на бугарската валута. Тоа беше крајот на економскиот и политичкиот подем на државата, која de facto стана руска “Задунавскаја“ губернија, осиромашена, покорена и со разбиен национален дух.

Заради сето ова, денес, напредното и европско бугарско општество бара промена на терминот на националниот празник на Бугарија, од 3-ти март во некоја друга, подостојна дата. Дали тоа ќе биде денот на С’единението 1885 или прогласувањето на самостојно Царство Бугарија (Третото Царство) во 1908 година, тоа е прашање кое допрва ќе се решава. Денес, бугарското општество има демократски, проевропски и проатлантски капацитети да го разреши проблемот за сопствениот однос кон ропството во ориенталните сатрапии, или припадноста кон демократските сили на Западот. За оние нерешителните, агресијата на фашизираниот насилник, тиранинот Путин и војната против слободниот свет на Украина, можат да бидат правилниот ориентир!

Во Македонија ситуацијата не е таква. Македонските и тракиските бугари останаа недопрени од зракот на Слободата, останаа со соништата за слобода, со прекрасните сенки на Сан Стефано, но и со продолженото турско, за потоа да се замени со уште по страшното српско и грчко ропство. Ние не ја почуствувавме топлина ниту на Сан Стефано, ниту на С’единението 1885 година.
Што и да реши бугарското општество на тоа која дата ќе биде симболот на националната слобода на бугарскиот народ, ние, македонските бугари ќе го прифатиме како единствено решение. Ние сме дел од етничката бугарска општност и треба да се сообразиме со решенијата на мнозинството.

Евидентно е дека датата 3-ти март не може да опстане на фонот јасната про-европска и про-нато ориентација на Бугарија, како и на бугарскиот народ во околните држави и дијаспората!
Сепак, ние, македонските а и некои од непреселените тракиски бугари никогаш нема да го заборавиме Сан Стефано…тоа е единствениот мираж на слободата и светлината по мракот на петстотини годишното ропство…Сан Стефано е нашиот неотсонуван сон за слободата и единството на бугарското племе!



Слични Објави