Сара Алфајез от Јордан: Во Бугарија имам можности за развој и интернационална академска средина
25-годишната Сара Алфајез од Јордан ја избра Бугарија за да го продолжи своето високо образование на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, каде следи магистратура по генетика и геномика со фокус на ракова генетика, хромозомски нарушувања и репродуктивна медицина, јавува БНР.
По дипломирањето по геноинженерство и биотехнологии на Јорданскиот универзитет, таа се одлучила за Софија, инспирирана од својот татко, кој студирал и докторирал во Бугарија. „Бев силно инспирирана од татко ми, кој секогаш зборуваше за Бугарија како за силен образовен центар. Тука најдов можности за развој и интернационална академска средина“, вели таа.
Според неа, магистерската програма е повеќе насочена кон истражување и практична работа: „Имаме повеќе работа во лаборатории, помалку теорија и повеќе самостојност, што ми помогна професионално да израснам.“
Покрај студиите работи во педијатриска клиника и патолошка лабораторија и учествува на научни форуми. Истакнува дека животот во Бугарија ѝ помогнал да стане поадаптивна и независна, без поголем културен шок.
Во иднина планира докторат во Германија, нагласувајќи дека искуството во Бугарија е клучна етапа од нејзиниот развој: „Сакам да продолжам да учам и да придонесувам за науката. Дисциплината е во основата на успехот.“

