СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, деца умираат зошто нема пари за лечење, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести.
Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор“, додаваат од оваа партија.
Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење.
„Со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот“, се додава во нивното соопштение.