СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?
СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно го покажуваат своето лицемерие и дволичност. Од партијата реагираат дека истиот тој Мицкоски, кој во опозиција ја нарекуваше фирмата ИРД Инженеринг „симбол на злоупотреби“ и „епски криминал“, денес како власт склучува договор со истата компанија. Според СДСМ, со тоа Мицкоски и Николовски сами се вклучуваат во „епскиот криминал“ за кој некогаш обвинуваа други.
„Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци?
Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“.
Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат истраги, кривична одговорност. Имаа полни усти со големи зборови за наводен криминал и бараа Јавното обвинителство да постапува.
И сега кога се власт склучија договор со истата таа компанија, ИРД инеженеринг.
Ако ИРД Инженеринг беше „симбол на злоупотреби“, како што тврдеше Мицкоски, тогаш зошто потпишува договор со нив?
Дали тоа значи дека сега и Мицкоски е дел од епскиот криминал?“, реагираат од СДСМ.