СДСМ И ДУИ ПРЕКУ ПОСТОВИ НА ФЕЈСБУК ЈА УБЕДУВААТ ЈАВНОСТА ДЕКА СЕ НА ИСТА ЛИНИЈА

ДУИ целосно ги поддржува Законите за јавно обвинителство, Совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и преспанскиот, охридскиот и добрососедскиот договор. – напиша Артан Груби на полноќ.

Ова следеше откако генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски  синоќа  на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.