|

СДСМ: Мицкоски доживеа пораз од Ковачевски на првото изборно соочување

Од СДСМ денеска преку соопштение велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доживеал пораз од премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на првото изборно соочување.

„Голем пораз доживеа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на владечката партија е Димитар Ковачевски

Со двојната победа на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа на Коалицијата предводена од СДСМ граѓаните застанаа зад исправните, вистинските политики, кои ја водат државата напред.

Граѓаните со големо мнозинство застанаа зад концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина и истовремено го поразија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Граѓаните јасно порачаа дека не веруваат на лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, дека им е доста од деструктивноста и лицемерието на Христијан Мицкоски и неговите пулени од Белата палата.

Мицкоски е поразен на првото изборно соочување со Ковачевски и повторно ќе биде поразуван од граѓаните“, посочуваат од СДСМ.



Слични Објави