| |

СДСМ: ПЛАТИТЕ РАСТАТ, ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, позитивни резултати во економијата.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата исплатена во јуни 2018 изнесува 24.203 денари односно поголема е за 6.1 отсто во споредба со истиот месец во 2017 година.
Тоа значи дека просечната плата за период од една година, односно од јуни 2017 до јуни 2018 е зголемена за 1.400 денари.

Овие податоци се дел од бројните показатели коишто ја докажуваат успешноста на економските политики и реформи на Владата предводена од СДСМ, коишто ја стабилизираат и унапредуваат економијата, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

По влезот на Македонија во НАТО и позапочнување на преговори за членство во ЕУ, следува отворање на нови фондови и развојни линии, повеќе инвестиции и зголемена конкурентност на македонската економија.
Сето тоа ќе значи дека растот на платите дополнително ќе се интензивира.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на економски мерки што обезбедуваат повисоки плати, зголемени иневстиции и нови работни места.



Слични Објави