| |

СДСМ: СО ЕВРООБВРЗНИЦАТА СЕ ВРАЌААТ ДОЛГОВИ НАПРАВЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Димитриеска-Кочовска нема никаков кредибилитет да зборува за економија и одговорно работење кога токму таа додека беше дополнителен заменик-министер за финансии, кочеше заем од Светската банка за опремување ковид-центри, реагираат од СДСМ за прес-конференцијата што денеска ја одржа претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да ги лаже и манипулира граѓаните, но факт е дека последната еврообврзница има каматна стапка од 1,625 %, а ќе се искористи за враќање на еврообврзницата издадена во време на ВМРО-ДПМНЕ со каматна стапка од 3,975 %“, стои во партиската реакција.

Од СДСМ додаваат дека доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која била издадена со стапка од речиси 4 %, по основ на камата ќе се заштедат 82,25 милиона евра.

„Емитуваната еврообврзница е најевтина досега, со историски најниска каматна стапка од 1,625 %, или неколкукратно пониска во однос на сите претходно издадени еврообврзници“, посочуваат од владејачката партија додавајќи дека ова е резултат на растот на довербата на меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзините перспективи.



Слични Објави