СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА АВТЕНТИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ
Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето за автентично толкување што пристигнало во петокот веднаш е проследено до пратениците.
По денешната редовна координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, треба да биде познато кога ќе се одржи пленарката по барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.
Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.
Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето за автентично толкување што пристигнало во петокот веднаш е проследено до пратениците.
Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016- та година. Членот 11 – а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори.