| |

Се зголемуваат стипендиите за бугарските студенти

Од 1 октомври годинава ќе бидат зголемени месечните стипендии на студентите во Бугарија. Минималната стипендија ќе изнесува 60 евра, а максималната 100 евра. Веста ја соопшти бугарскиот премиер академик Николај Денков, кој беше гостин на 21-те Национални студентски летни игри во Китен, објави прес-центарот на бугарската влада.

За повисоките стипендии до крајот на оваа година се издвоени 6 милиони лева, а за реновирање на студентските домови се издвоени 100 милиони лева.

„Парите се достапни, очекуваме проекти од универзитетите“, изјави премиерот Денков.



Слични Објави