Секој збор што ќе биде напишан за Миле Ацев е малку…

//

Пишува: Контрачетникот

Секогаш кога некој ќе не напушти од овој свет ни доаѓа во мислите една од најпознатите максими која гласи : Најдобрите заминуваат први, овој пат на жал пред само некој ден повторно ја имавме таа тажна прилика да ја спознаеме уште еднаш оваа жална мудрост кога го загубивме Миле Ацев, eден од надостојните луѓе кои сите го познававме.

Секој збор што ќе биде напишан е малку за да се опише како личност, не беше дел од никакви организации, раководства, поделби, интереси, беше свој на своето, не постои настан каде што не беше присутен, нема слики од настан поврзан со каузата каде нема да видете еден чичко кој срамежливо и тивко се појавува на сликите, скромен, повлечен, никогаш не ги делеше луѓето по организации, секаде беше присутен искрено, со срце, верен и достоен на каузата во која веруваше која не му донесе никакви благодети, туку напротив му донесе тешкотии но никогаш не се поплакуваше за тоа.

Својата верност и достоинство кон каузата, неговата големина да не се перчи пред никого, да биде секаде, еден човек да тргне да направи нешто за каузата секогаш до себе го имаше него, скромниот и тивок чичко кој никогаш не се фалеше и излегуваше да покажува кој е и што е, човекот кој никогаш немаше интерес и корист од тоа што го правеше, кој се што правеше го превеше шепотејќи достојно за делото за кое се бореше, секогаш присутен со чиста и искрена љубов, верба, верност, човек чие што достоинство треба да биде светелник за сите, за тоа каков треба да биде еден човек, добрата душа која ја поседуваше, чиста и светла, никогаш не беше судија на никого, не судеше, секого од нас го гледаше како свој брат, како свој соборец, можеби тоа е и главното нешто кое треба да га научиме од неговата маленкост која беше толку голема и величенствена, а тоа е единството, да бидеме единствени со искрени намери, да се одадеме себе без да очекуваме ништо за возврат.



Си замина тивко и скромно како што и живееше, без никаков шум, позади себе остави една голема празнина која ќе биде видлива секогаш кога ќе има настан поврзан со каузата, таа празнина која не се надополнува, жално е што понекогаш големината на одредени луѓе не ја познаваме додека ги имаме помеѓу нас, па ја спознаваме нивната големина тогаш кога ќе ги загубиме засекогаш.

Сите оние кои беа до крај со него бидете горди, бидете горди што познававте ваква личност, кои бевте со него до крај, вие сте големи луѓе кои секогаш за пример треба да го имате токму него.

НЕКА ПОЧИВА ВО МИР !

Претходна статија

Дали бугарската држава беше окупатор во Македонија?

Следна статија

Д-р Врабевски финансираше меѓународна конференција за аутизмот во Плевен, Бугарија

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска

(Не)промислена забрана

Fb статус на Никица Корубин “Забрана” е најспоменуваниот збор деновиве. И сите модалитети на истата. Организирано