Северна Македонија ѝ донира тенкови на Украина

/

Од Министерството за одбрана за 360Степени велат дека станува збор за трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа.

„Би сакале да посочиме дека врз основа на извршените анализи, препораки и усвоени планови за опремување на Армијата на Република Северна Македонија во наредниот период ќе се изврши трансформација односно расформирање на тенковскиот баталјон и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата, а реализацијата на овие планови веќе е во тек. Исто така, согласно Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 г. наведено е дека нема да се инвестираат дополнителни средства во модернизација и опремување во тенковски капацитети. Имајќи ја во предвид ваквата фактичка состојба, како и побарувањата од страна на Министерството за одбрана на Украина, Владата донесе одлука да ѝ донира на Украина одредена количина од овие капацитети кои им се неопходни за нивни потреби“, велат од МО за 360степени.





Претходна статија

Џафери за немањето кворум во Собрание – „Ако има незадоволство во коалицијата, прашањата нека ги решат во Влада“

Следна статија

Ѓоргиев: Не чувствувам преголем притисок од Протоколот, роковите ги поставуваат политичарите, наше е да работиме според академските научни принципи

Најново од Вести