|

Шефот на украинската армија: Ги отфрламе руските напади, ситуацијата е тешка

„Украинските сили ги потиснаа руските војници од селото Орливка, западно од Авдиивка, но ситуацијата на источниот фронт и понатаму е тешка“, изјави командантот на украинската армија, Олександр Сирски. Орливка се наоѓа на помалку од 2 километра северозападно од Ласточкине, кое неодамна беше окупирано од руските сили.

Русија го зазеде стратешкиот источен украински град Авдиивка минатата недела по повеќемесечна офанзива и врши притисок врз неколку други области по должината на линијата на фронтот, велат украинските власти.

Украинската армија неделава објави дека се повлекла од уште две села кај Авдиивка. „Непријателот продолжува со активните офанзивни дејства во многу области по должината на линијата на фронтот. Состојбата е особено напната во секторите Авдиивка и Запорожје“, објави Сирски на „Телеграм“.

Сирски истакна дека руските јуришни единици се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана и да ги заземат населбите Тоненка, Орливка, Семенивка, Бердичи и Краснохоривка.

Сирски, кој ги посети единиците на Источниот фронт, рече дека некои команданти откриле одредени недостатоци во ситуациската свест и во процената на непријателот“=, што директно влијаело на одржливоста на одбраната во одредени области.

„Ги презедов сите мерки за подобрување на состојбата на терен, со доделување дополнителна муниција и материјални ресурси, како и потребните резерви“, рече Сирски.

Украинската армија и претседателот Володимир Зеленски постојано нагласуваат дека на војниците им недостига воена опрема и муниција потребни за одбивање на руските напади поради недостигот на воена помош од западните сојузници.



Слични Објави