|

Шилегов ветува: Бесплатен градски превоз за пензионери, медицински транспорт, пакет за младите и идните родители

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов објави неколку ветувања, кои како што вели ќе ги реализира во следните четири години. Како што вели тој, овој пакет од социјални поволности е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители.

✔️ Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој

ден во неделата.

✔️ Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата

со попреченост до здравствените институции во градот.

✔️ Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го

користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги

олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната

придружба при користење на превозот.

✔️ На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме

бесплатен превоз во градските автобуси.

✔️ Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин

оброк за време на престојот во училиште.

✔️ Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите

средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од

државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта,

обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој.

✔️ Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку

покривање на максимум 50% од месечниот трошок.

✔️ За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско

потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го

дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со

основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен

обид кој не е покриен од Фондот.

Скопје е град на солидарноста и како таков мора да се грижи за сите, а парите на

граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни. Преку овој пакет мерки градот

вложува во квалитетот на живот. Градот е еднаков за сите граѓани, транспарентен и

солидарен град, град на успешен соживот.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави