|

ШТИП ДОБИ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во Штип започна со работа нов Дневен центар за лица со интелектуална попреченост постари од 18 години.

На отворањето присуствуваше министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека центарот има капацитет од 20 лица, а во моментот го посетуваат 15 корисници кои добиваат дневно згрижување, стручна работа и рехабилитација.

Просторот на центарот е обезбеден од општината, а набавката на опремата со дополнителна опрема и дидактички средства се планирани од МТСП за 2020 година.

Слични Објави