| |

Симфонискиот оркестар на БНР стои позади аранжманот на евровозиската песна на Малта

Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио стои позади музичкиот аранжман за годинашната евровизиска песна на Малта – „Bella“ на пејачот AIDAN. Песната е снимена во Софија со учество на 40 бугарски музичари, јавува БНР.

Малтешкиот тим барал класичен и жив звук, поради што „Bella“ е единствената песна без електронски додатоци и целосно изведена од бугарски класични музичари, изјави медиумскиот експерт Васил Иванов.

Координаторот на меѓународни проекти на Симфонискиот оркестар на БНР, Слав Славчев, посочи дека околу 40 музичари снимале само гудачки инструменти и нагласи дека БНР и неговиот оркестар се меѓу најважните центри за звукозапис во Источна Европа.

AIDAN изрази воодушевување од професионалноста на бугарските музичари, истакнувајќи дека по препораки токму Симфонискиот оркестар на БНР бил избран за снимањето на песната, која според него носи лично послание и силна енергија.



Слични Објави