СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАТ ОД ПОЗНАНИК НА КЕЈ
Скопјанец бил нападнат од познаник, соопшти МВР.
-Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 53-годишниот А.Д. од Скопје пријавил дека на 25.04.2020 во 23:55 часот на патека на кеј на ул.„Беласица“ во Скопје бил физички нападнат од негов познаник, 30-годишниот А.Е. од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ – информира полицијата.