СКУЛПТУРА НА УМЕТНИКОТ ДАВИД АТАНАСОСКИ ИЗЛОЖЕНА ВО ПРИЛЕП

Под наслов „Геолошки пресек“ прилепскиот уметник Давид Атанасовски синоќа на публиката во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и ја претстави својата скулптура изработена за манифестацијата Нов културен бран. Скулптурата, составена од два дела со симболика го објаснува насловот „Геолошки пресек“.

Според младиот уметник Атанасоски, со употребата на дрвени штици и хартија како материјали за скулптурата, се праќа порака.

– Моја главна цел е преку една ликовна интерпретација на геолошките деградации на земјината кора да го моделирам моето уметничко дело користеќи секундарни материјали, во овој случај дрвени штици и хартија. Употребата на овие репродуктивни материјали индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции во глобалниот биолошки екосистем, вели Атанасоски.

За историчарот на уметноста Викторија Димеска, впечатливото уметничко дело на Атанасоски упатува на настанувањето на земјата и еволутивниот процес.

Создавајќи хармонија помеѓу органската и геометриската форма, скулпторот креира пластични целина или елемент, притоа, истакнувајќи ја природната вредност на материјалот – дрвото. Метафорично, стратиграфскиот приказ на структурата ја симболизира еволуцијата на земјата, од нејзиното настанување до денес, културошката слоевитост и наративниот приказ на историјата на човештвото. Додека, пак, хартијата или пишаниот збор ја симболизира сопствената улога на медиум и информатор, поради податливоста на информации, како и сведоштво за идентификација и верификација на настаните, коишто се одиграле во одредени временски рамки, рече Бимеска.

Уметникот Давид Атанасоски досега има бројни самостојни и групни изложби.



Слични Објави