СЛОВЕНИЈА ЈА ЗАЈАКНУВА ГРАНИЧНАТА КОНТРОЛА ПОРАДИ ИЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ, ЈА АНГАЖИРА ВОЈСКАТА

/

Словенија планира да ја интензивира изградбата на оградата на границата со Хрватска и да ја прошири употребата на други технички средства заради контрола на границата и спречување илегална миграција, рече министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

„Единствениот начин да се запечати границата е да се постави целосна ограда, соодветен технички надзор и армијата или полицијата по нејзината должина. Само Израел може да има таква добро заштитена граница. Веројатно нема да го имаме тој степен на заштита, но ќе дадеме сè од себе за да ја заштитиме границата што е можно повеќе “, рече Хојс за неделникот „Демократија“.

Владата планира во поголема мера да ја ангажира војската за заштита на границата и да ја интензивира изградбата на оградата, пренесува СТА.



Хојс вели дека е невозможно да се каже дека нема да има повеќе нелегално преминување, но дека тоа треба да се спречи што е можно поефикасно.

Извор: Макфакс

Претходна статија

(ВИДЕО) САКАТЕ ДА НАУЧИТЕ КАКО СЕ ВРЗУВА ВРАТОВРСКА? ЈУРГЕН КЛОП ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ!

Следна статија

ЛЕКАРСКАТА КОМОРА БАРА СУДОТ НА ЧЕСТА ДА ОДЛУЧУВА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИТЕ ЛЕКАРИ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи