Снимката со наставникот кој тепа дете била извадена од контекст?

/

Снимката со наставникот од скопското основно училиште „Панајот Гиновски“ кој тепа седмоодделенец е потенцијално извадена од контекст. Според изјави на некои очевидци, она што се гледа на видеото е исечено, и ако се пушти до крај и со звук, наводно може да се види дека децата се смеат и дека станува збор за поинаква ситуација. Каква би можела да биде таа ситуација, ќе се знае најрано кога дисциплинската комисија ќе заврши со разговор со сите страни за да одлучи каква мерка ќе му одреди на наставникот.

-Процедурата се уште е во тек, дисциплинската комисија ги повика сите страни на разговор во вторник. Потребни се уште неколку разговори со класниот, детето, родителот, како и наставникот кој ќе учествува преку Зум бидејќи е на боледување. Апсолутно го осудувам насилството од било кој вид. Многумина велат дека снимката не е покажана до крај и е без глас, па не може да се види дека децата се смеат. Децата го сакаат наставникот, некои од нив велат дека тоа било игра и дека снимката не е до крај покажана. Но, ништо од ова не е официјално и прерано е да се носат заклучоци бидејќи истрагата е се уште во тек, а процедурите мора да се почитуваат, за „Слободен печат“ изјави директорката на училиштето, Камуран Реџа, пренесува Слободен печат.

Јавноста се згрози по објавувањето на видеото минатиот викенд на социјалната мрежа „ТикТок“. На него се гледа како наставникот му удира шамар на стаписаниот ученик, а потоа го подигнува и треска од земја. Реџа случајот го пријавила во полиција уште вечерта, откако до неа стигнало видеото.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

Бериша ги поздрави македонските граѓани кои „со нивниот глас ја прогласиле за мртва иницијативата Отворен Балкан“

Следна статија

Селмани: Заев нема интерес од реториката „аман немој да одиш“, тоа му штети нему, на СДСМ и на владата

Најново од Вести