СО 200 АНЕСТЕЗИОЛОЗИ, 440 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ 500 РЕСПИРАТОРИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КОPOНАВИPYСОТ
Изготвен е списокот на лекари, медицински сестри и анестезиолози, кои ќе ротираат каде што ќе биде потребно во однос на бopбата со коpoнавирусот, информираше министерот Филипче на денешната прес-конференција. Како што рече, се работи за близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава, кои се или наскоро ќе бидат на располагање и во случај на потреба ќе се вклучат во лекување на болните од Ковид-19 во определните места каде тие ќе
бидат стационирани, јавува 365.com.mk.
Сепак, Филипче изрази надеж дека со оглед на досегашните мерки, до вакво сценарио нема да дојде. Таа надеж ја искажа и во денешното интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
„Колку повеќе луѓето се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста и полесно здравствениот систем ќе може да го издржи. Тоа е суштината на имплементација и прифаќање на мерките од страна на граѓаните, затоа се нашите чести апели. Ние не можеме да предвидиме колку ќе има пациенти и заболени. Сите мерки се со цел бројот на заболени да биде што помал и да нема пик што здравствениот систем нема да може да го апсорбира.
Верувам дека со сите овие мерки што ги правиме, сме спремни – со регрутирањето, со планот за ротација на кадарот, со доволниот број на опрема, со доволниот број на материјали кои се користат – дека нас нема да ни се случи некое сценарио кое нема да можеме да го контролираме“, рече Филипче.
Целиот напис прочитајте го овде.

