СО НОРВЕШКА ПОМОШ ВО БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈА ВО ШУМИТЕ

/

Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на државата во спроведувањето на политиките за одржливо стопанисување со шумите.

Нелегалната и нерегистрираната сеча, како и пожарите се голема закана за нашите шумски ресурси и тоа доведува до широк спектар на разурнувачки економски, социјални и еколошки проблеми.
На 12 Јуни 2019 год, во Скопје се одржа работилница за презентација на проектот “Регионална акција за борба против криминал и корупција во шумарството”кој е финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка и спроведуван од “Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” – ЦНВП, заедно со “Акција
за шумарство и животна средина” – ФЕА од Босна и Херцеговина и “Зелен Дом” од Црна Гора.

Главната цел на проектот е да се постигне добро владеење во секторот шумарство и да се подобри борбата против криминалот и корупцијата, преку зголемена транспарентност и вмрежување во четирите земји опфатени со проектот.
Базирано на детални анализи како и позитивни примери од други земји, ќе се изработат национални акциони планови кои ќе предлагаат поефикасни регулаторни, мониторинг и
контролни механизми, за борба против криминалот и корупција во шумарството.



На работилницата беше презентиран Извештај за работата на шумската полиција за период од 5 години, на кој за 2018 година може да се забележи дека се изречени 1167 прекршочни пријави, 1164 кривични пријави и 2.074.86 м3 одземена маса од огревно дрво.

Во наредните 3 години се очекува проектот да обезбеди услови за контрола на криминалот поврзан со шумарството, преку иновативен информациски систем, но и да формира регионална мрежа преку која би се разменувале искуства и знаења на
регионално ниво.

Претходна статија

ЗА „ТАЛИР“ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕС, ДОНАЛД ТУСК

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да