|

Соња Јончева ќе има концерт во Софија со Пласидо Доминго и Хозе Карерас

Оперската прима Соња Јончева за БНР најави дека во август следната година ќе има концерт во Софија со Пласидо Доминго и Хозе Карерас на плоштадот „Свети Александар Невски“.

Јончева е избрана за „Музичар на годината“ од слушателите на шоуто „Алегро виваче“ на програмата „Хоризонт“.

Генералниот директор на БНР Милен Митев ја врачи статуетката изработена од Христо Илиев:

„Некои можеби ќе си кажат: „зошто уште една награда за толку успешен и познат музичар“. Но, мислам дека наградата „Музичар на годината“ е доста важна. За нас е многу вредна затоа што покажува почит не само кон професионалците, но и кон нашите слушатели“.

Соња Јончева изјави дека културата е клучот за подобро општество:

„Оваа статуетка „Музичар на годината 2023“ зазема исклучително важно место за мене, бидејќи во неа се сумира всушност сè – музичар на годината во мојата родна земја, во Бугарија – каде што најмногу се чувствувам како дома и каде што ми е моето срце“.

Фото: БНР

Слични Објави