Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк, јавува „Независен“.
Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за 2020 година.
До 1 септември ќе преговараат, а ако нема договор наставниците и професорите на 2 септември, кога треба да почне новата учебна година, ќе стапат во предупредувачки штрајк.