|

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Ново Лисиче

Општина Аеродром донесе одлука за поставување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето во населбата Горно Лисиче во Општина Аеродром.

Одлуката беше донесена со поддршка на советниците на ВМРО ДПМНЕ, Левица, како и советник од советничката група на СДСМ.

„ Имајќи предвид дека станува збор за одлука која сега е во надлежност на Собранието, по целосното комплетирање, иницијативата која е усвоена од страна на членовите на советот на општина Аеродром, наскоро ќе биде доставена Собранието. Крајната одлука за евентуално преземање на споменатиот споменик и понатамошно негово поставување во општина Аеродром ќе ја има оваа државна институција.

Со оглед на фактот дека Советот на Општина Аеродром, како и Собранието се претставнички органи на граѓаните, каде членовите се избрани не непосредни избори со гласање, Општина Аеродром има обврска да ги почитува одлуките донесена од страна на двата државни органи“ соопштија од општината.

Од општината апелираат до сите поединци, политичките партии и останатите општествени чинители да се воздржат од ширење и пласирање дезинформации поврзани со оваа тема во јавноста.



Слични Објави