СПОРЕД ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ АМЕРИКАНЦИТЕ ЗНАЕЛЕ ЗА КОВИД-19 НО НЕ РЕАГИРАЛЕ НА ВРЕМЕ
Низа држави не посветиле доволно внимание на советите од странство во раните фази на пандемијата на коронавирусот, тврди германскиот воен аналитички центар.
„Кризата покажува дека во зависност од политичката култура, раните предупредувања делумно биле игнорирани, па дури и отфрлени од разни држави“, рече Кристијан Хагенмилер, доктор и експерт во германскиот Институт за одбранбени и стратешки истражувања (ГИДС).
Хагенмилер ги наведува САД како пример.
„Тие имаат многу опсежни средства за рано откривање здравствени закани, како цивилни така и воени, и бргу го препознаа развојот на Ковид-19. Но, политичкото водство тоа не го сметаше како приоритет“.
ГИДС е институција заснована врз соработката помеѓу германската армија и воениот Универзитет „Хелмут Шмит“ во Хамбург. Институтот ги истражува безбедносните проблеми и ги советува политичарите и воените лидери.
