|

СПОРЕД ГРУЕВСКИ БУГАРИЈА ЈА УЦЕНУВА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СО МАТЕРИЈАЛИТЕ НА КАМЧЕВ

„ Од она што видовме од медиумите главниот сведок во случајот “Рекет” во одсуство на домашни здрави и нормални институции, во ситуација кога мафијата си ја контролира државата или поточно кога државниот врв стои зад мафијата, бил принуден за да докаже под каков терор со изнуди се наоѓа, да се обрати до службата на една соседна земја со која тој имал добри лични релации и како што стои во медиумите бил и нејзин државјанин.
Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.
Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки“- напиша на својот facebook профил поранешниот премиер и сегашен бегалец Никола Груевски.

Слични Објави